НОВО! Отворен првиот Рептил Shop & Go

Предводени од брзиот начин на живеење, успеавме да го креираме првиот Рептил Shop & Go.

Со овој проект потврдуваме дека постојано ги слушаме потребите на купувачите и им овозможуваме брзо, лесно и ефикасно пазарување. Неделното пазарување претоврете го во уживање и може да трае  како еден школски час

Маркет во кој ќе најдете свежо цеден портокал, готевни јадења од нашата кујна, свежи сендвичи салати и врапови. Покрај сите овие grab and go продукти, во овој маркет ќе најдете се што ви е потребно за вашиот дом и секојдневното функционирање. Секојдневно свежо печен леб, овошје и зеленчук од прва класа. Претворете го маалското пазарување модерно.

Маркетот се наоѓа во срцето на Дебар Маало (карши кафаната Трпезарија или позади автобуската кај соборна). Кога ќе го посетите нема да останете рамнодушни,дококу не постеувате со автомобил може да го оставите пред маркетот во текот на пазарувањето, доколку пазарувате пеш ќе уживате во духот на најстарото маало во Скопје, Дебар Маало.

Ве очекуваме на свежо цеден сок со најповолна цена.

Ваш Рептил.