Во секое маало има по некоја приказна, а во некое и по еден Рептил.
Ова е Црниче во 1998 година, вториот маркет на Рептил. Место каде што денот започнуваше со „како си?“ и завршуваше со „поздрави ги дома“. Луѓето не доаѓаа само по продукти, туку доаѓаа по вниманието посветено од нашите вработени, по познатото лице, по чувството дека некој ги разбира.
Денес, ние сè уште веруваме дека секој маркет треба да биде дел од маалото, а не само локација на мапа. Да нуди услуга, но и топлина, квалитет и внимание.

Рептил Црниче 1998
