Рептил со вас повеќе од 29 години

Кога започнавме пред 29 години, имавме деловен план, но и човечка цел: Секој купувач да се чувствува добредојден, уважен и важен.

Минатото и сегашноста можеби изгледаат различно, но носат иста порака – за искрен почеток и доследност низ годините. Без раскош, но со почит. Без големи зборови, но со големо внимание кон секој човек.

Верувавме во добрата услуга што создава блискост. Во свежината што ја заслужува секоја трпеза. Во цените што го почитуваат секој семеен буџет. Во довербата што се гради полека – но трае долго.

Не е важно само количките да се полни, важни се и насмевките на тие што ги туркаат. Таа топлина, тој непосреден контакт,вниманието кон секоја потреба – тоа се вредности што ги пренесуваме и денес.