Family Day во Рептил!

Family Day во Рептил – Ден исполнет со радост, забава и семејна топлина

Во ноември 2024 година,  Рептил Маркетите го одржаа првиот Family Day, настан кој ги обедини вработените, нивните семејства и блиските пријатели во еден незаборавен ден исполнет со смеа, дружење и забавни активности.

Секој вработен имаше можност да донесе членови од своето семејство или пријатели, а атмосферата беше исполнета со позитивна енергија и срдечност. Денот помина во знакот на друштвени игри и рекреативни активности – од пинг-понг и стрелаштво, до шах и табла, каде што најдобрите учесници освоија вредни награди.

За најмладите посетители, посебно внимание беше  на нивната забава. Детскиот замок беше најголемата атракција, место каде што децата поминаа незаборавни мигови, исполнети со смеа и игра. Покрај тоа, имаа можност да се претворат во својот омилен цртан лик, благодарение на професионалните уметници за face painting.

Додека децата уживаа во игрите, возрасните имаа можност да поминат квалитетно време со нив, создавајќи драгоцени спомени во кругот на своите најблиски.

Family Day во Рептил не беше само настан – беше порака. Порака дека нашите вработени не се само тим, туку едно големо семејство кое секојдневно расте и се зближува. Сакавме да покажеме колку ги цениме и да им овозможиме ден во кој ќе се чувствуваат среќни, исполнети и горди што се дел од оваа приказна.

Ви благодариме на сите што бевте дел од овој посебен ден! Уживајте во фотографиите и се гледаме повторно – во Рептил! 🧡