Рептил во 2024

Рептил Маркети опстојува 28 години на македонскиот пазар. Нашите локални маркети секојдневно градат пријателски однос со купувачите, секој маркет е посебна приказна. Сите овие години тежнееме да бидеме маректи со најдобра услуга во градот, секој што ќе влезе да биде услужен и насмеан пред се, а задоволството од страна на купувачот си следи само по себе.

Рептил во 2024 реновораше 2 маркета. Првиот е Рептил 6 Симпо, а другиот Рептил 1 Рузвелтова. Маркетите ги освеживме и реновиравме целосно. Купувачите може да очекуваат лесно уреден маркет, во кој ќе најдете се за вашиот дом и ќе ја заврште вашата дневна набавка за брз временски период. Нашите вработени се секогаш тука да ве услужат и да ви помогнат во вашете пазарување.

Рептил Семејството го проширивме со уште два маркети. Во пролета 2024 отворивме Рептил во населба Карпош 4 (ул. Пелистерска 5) и Рептил Shop & Go Дебар Маало (ул. Наум Наумовски Борче бр.50).

Како новитет е Кроко Кујна. ОД 2024 година во сите Рептил Маркети може да најдете свежи оброци. Цезар Салата, Цезар Врап, Стек со ориз и пилешко во кари со ориз по најповолна цена. Сите продукти се засебно спакувани и спремни за конзумирање. Одличен избор за вашата пауза или пак доколку сте во брзање а сепак сакте да се храните здраво, Рептил е тука за вас.

Ваш Рептил.