ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Политиката за приватност и безбедност е создадена со цел да ве информираме кои податоци ги собираме, зошто и како ги собираме, како обезбедуваме безбедност на вашите податоци, како и да ве информираме за вашите права како субјект на лични податоци.
Поради оваа причина, препорачуваме да одвоите неколку минути внимателно да ја прочитате нашата Политика за приватност и безбедност.
Контакт податоци на контролорот
Контролор и обработувач на вашите лични податоци е Друштво за производство, трговија и услуги РЕПТИЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. Мери Бошкова бр. 21А, Скопје, Република Северна Македонија. Контакт:
- Е-пошта: [email protected]
- Телефон: 02/2462 659
Офицер за заштита на лични податоци:
Билјана Николовска, вработена во РЕПТИЛ.
Контакт:
- Е-пошта: [email protected]
- Телефон: 071 377 785
Права на корисниците Корисниците-субјекти на лични податоци имаат право:
- Да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци
- Да пристапат до нивните лични податоци и да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци
Во продолжение, следува подетално појаснување во однос на овие права:
- Во функција на транспарентност, ДПТУ Рептил Дооел , презема обврска да го извести корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите личниподатоци.
- Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци.
Барањето за пристап до податоците се доставува во писмена форма во некој од продажните објекти на ДПТУ Рептил Дооел
ДПТУ Рептил Дооел е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале 6 (шест) месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Доколку корисникот не добие одговор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.
Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци.
По барање на корисникот, ДПТУ Рептил Дооел е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку ДПТУ Рептил Дооел утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише. ДПТУ Рептил Дооел е должен најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења.
Рокови на чување на Вашите лични податоци
Податоците кои се обработуваат од страна на ДПТУ Рептил Дооел за цели на остварување на вашите права ќе се чуваат согласно законските рокови, а податоците кои се обработуваат согласно дадена согласност ќе се чуваат се до повлекување на Вашата согласност за нивна обработка за наведената цел.
Кои се Вашите права?
Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право напристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост),упатете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: [email protected]
Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Изјава за приватност при вршење на видеонадзор
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на податоци што ДПТУ Рептил Дооел увоз- извоз Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
- Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
- Да се контролира пристапот до објектот и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените кај Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
- за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации;
- да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, , освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага.)
Камерите за видеонадзор се инсталирани на делови од објектот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот.
Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: влезните и излезните места на продажните места, влезните места во зградата.
2. Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
3. Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Коста Андаров е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.
4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Контролорот користи опрема за видеонадзор за:
- заштита на животот или здравјето на луѓето;
- заштита на сопственоста;
- заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата;
- обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за личните податоци.
Покрај тоа на влезот на објектот, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
5. Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: членовите на безбеднсниот персонал на Контролорот). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).
До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на контролорот и одговорното лице за видео надзор.
6. Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на контролорот (на пример на е-пошта на [email protected] или на адреса ул. Мери Бошкова бр. 21А).
7. Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање барање до контролорот, или преку е-пошта до: [email protected]
8. Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на _контролорот на е-пошта [email protected] кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
10. Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на [email protected], кога обработката е незаконска.
11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
12. Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на info@reptilmarketi,mk, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
13. Што можам да направам во случај на проблем?
- Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до info@reptilmarketi.mk и да побарате да преземе акција;
- Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на [email protected]
- Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки;
14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
15. Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен за заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 7 (седум ) календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.
Кои податоци ги собираме и како ги користиме?
1. Рептил клуб
- Податоци што се собираат:
- Име и презиме
- Поштенска адреса
- Контакт е-пошта
- Контакт телефон
- Датум на раѓање
- Пол
- Град
Овие податоци се користат за:
- Информирање за нови производи, акции и промоции
- Анализа за подобрување на услугите
- Промоции и директен маркетинг
Траење на обработката: Податоците се чуваат трајно додека трае согласноста или додека корисникот не ја врати картичката или ја повлече согласноста.
2. Вработување
- Податоци што се собираат:
- Лични податоци доставени преку апликација за работа.
Овие податоци се чуваат 1 година, по што автоматски се бришат.
3. Посета на веб-страницата
Ако сакате да ја разгледувате нашата веб-страница, не се бараат лични податоци. Сепак, за користење на одредени услуги може да се побара пополнување на апликација со основни лични или демографски податоци.
Вашите податоци се користат за:
- Лесно користење на веб-страницата
- Маркетинг активности
- Подобрување на услугите
Како ги заштитуваме податоците?
- Личните податоци се чуваат во безбедносни зони, достапни само за овластени лица.
- Се преземаат сите неопходни технички мерки за заштита на податоците.
- Податоците не се пренесуваат во трети земји, ниту на трети страни.
- Податоците се користат само за целите за кои се собрани.
Вашите права како субјект на лични податоци
Имате право да:
- Дознаете дали се обработуваат вашите податоци.
- Побарате информации за целта на обработката.
- Побарате ажурирање или бришење на податоците.
- Бидете информирани за рокот на чување.
- Бидете информирани за потенцијално нарушување на безбедноста на податоците.
- Побарате информации за трети страни на кои се даваат вашите податоци.
Контактирајте нè на [email protected] за прашања или барања. Вашите барања ќе бидат обработени во рок од 15 дена.
Одјавување од листа за известувања
Можете да се одјавите од информативната листа преку веб-страницата www.reptilmarketi.mk или со испраќање на е-пошта на [email protected].
Директен маркетинг
Корисниците можат да добиваат известувања само ако во апликацијата за Рептил клуб картичката дале согласност. Согласноста може да се повлече со е-пошта на [email protected].
Промена на Политиката за приватност
РЕПТИЛ го задржува правото да ја менува или дополнува оваа политика. Секое ажурирање ќе биде објавено на веб-страницата www.reptilmarketi.mk.
Прифаќање на условите
Со користење на нашите услуги и Рептил клуб картичката, корисниците потврдуваат дека ги прочитале, разбираат и ги прифаќаат условите наведени во оваа политика.
Контакт за дополнителни информации
Друштво за производство, трговија и услуги РЕПТИЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
- Адреса: ул. Мери Бошкова бр. 21А, Скопје, Република Северна Македонија
- Е-пошта: [email protected]
- Телефон: 02/2462 659