Вработените се нашето богатство

Од првите работни денови, до раководни позиции, нивната професионална патека е симбол на довербата што ја градиме и негуваме.

Оваа објава зборува за начинот на работа, во која поддршката, посветеноста и препознавањето на потенцијалот се дел од секојдневието.

Во Рептил веруваме дека најдобрите резултати доаѓаат кога вработените растат заедно со брендот.

Руса Величковска и Соња Милевска се две жени кои ја почнаа својата кариера во Рептил пред 20 години. Тогаш, Руса како продавачка, Соња како раководител на маркет. Денес, Руса е директорка на маркетите, а Соња раководителка на главниот магацин.

Нивната приказна не е случајност, таа е дел од културата што во РЕПТИЛ/REPTIL ја градиме речиси три децении, а во која човечкиот потенцијал не е трошок, туку инвестиција.ж

Веруваме во патишта што се градат преку доверба, напорна работа и поддршка од компанијата. И затоа луѓето што остануваат со нас, не стојат во место, тие растат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рептил Рузвелтова 1998                                                                                                                                                 Рептил Дирекција 2025